Vrabotuvanje.com - Инженер за квалитет на добавувачи - Скопје - ВАБТЕК МЗТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер за квалитет на добавувачи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАБТЕК МЗТ

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Квалитет има потреба од:


ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ДОБАВУВАЧИ
 

За позицијата:

Управува со неусогласености од Добавувач, од аспект на реактивност (48ч/10д/30д) и методологија (QRQC) при што користи Корпоративни/Групни Стандарди за APQP со секој Добавувач. Го води процесот на FAI за одобрување на први примероци од Добавувач.

Главни одговорности:

  • Евидентирање на неусогласености кон Добавувачи како и настанати трошоци за истите во WIM-S.
  • Комуницира со Добавувачи за откриени неусогласености во врска со нивни производи/испораки, со цел Добавувачот веднаш да изврши соодветен карантин/отстранување на проблематични делови кои сеуште не се испорачани во Вабтек МЗТ.
  • Потврдува соодветност и ефикасност на активности од Добавувачи, преку следење на повторливост на неусогласености.
  • До Директор на Квалитет / или Директор за набавки, ескалира проблеми кои претставуваат точка на блокирање на активности на Добавувачи, а кои се во врска со разрешување на неусогласености на Добавувачи.   
  • Учествува во платформата за QRQC - S, каде следи статус на неусогласености до нивно разрешување.
  • Изготвува неделни, месечни и годишни извештаи во врска со активности и перформанси на Добавувачи. Учествува на групни и корпоративни состаноци.

Потребни квалификации:

  • Машински инженер, машински техничар или сродно образование од техничка струка.
  • Познавање на работа со мерни инструменти (шублер, висиномер, СММ).
  • Предност -  Работно искуство во контрола на квалитет, познавање на Англиски јазик

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација
Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362
 
*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 
**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде