Трговско друштво за трговија, производство и услуги на големо и мало, ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion:
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ
Има потреба од 1 (еден) извршител на работно место
Регионален извозен бренд менаџер
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ има потреба од 1 (еден) регионален извозен бренд менаџер, кој ќе работи со полно работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот.
Главни работни задачи и одговорности:
- Унапредување на продажбата и зголемување на бројот на купувачи;
- Истражување и анализа на надворешен пазар и
- Одржување комуникација со купувачи и договарање на услови за продажба.
Потребни квалификации:
- ВСС-Економски факултет;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години на иста или слична позиција;
- Искуство со работење во оперативен систем SAP ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Напредно познавање на компјутерско работење (MS Office) и
- Одлично познавање на англиски јазик.
Очекувани вештини и способности:
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Организациски и аналитички способности;
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Способност за работа под притисок и кратки рокови.
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на позицијата.
Напомена:
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршување на огласот.
- Траење на огласот и рок на пријавување 10 работни дена од објава на огласот.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!