DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
Сметководител
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома од областа на економски науки
- Работно искуство на иста позиција мин. 3 години
- Активно познавање и работа во SAP систем
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office)
- Почитување на дадени крајни рокови и поддршка на соодветниот сектор
- Желба за учење и надоградување
- Возачка дозвола – активен возач
Вашите одговорности:
- Контрола на целокупната влезна и излезна документација во врска со финансиското работење на компанијата
- Учество во имплементација на оперативните системи
- Активно познавање и работа во SAP систем
- Проверка на фактури за ДДВ евиденција
- Книжење на фактури за трошоци и услуги во Оперативна и Финансиска евиденција
- Книжење на банкарски изводи денарски и девизни на дневна основа
- Книжење на компензации, цесии, асигнации и други форми на меѓусебно затварање на побарувања и обврски
- Книжење на книжни задолженија и одобренија
- Подготовка на КИПО квартален извештај кон НБРМ
- Следење и евиденција на АВР И ПВР
- Слагање, проверка и подготовка на ДДВ, подготовка на табеларна ДДВ евиденција на барање на УЈП
- Спроведување на сите финансиски книжења за месечна пресметка и за крај на година
- Следење и работење во согласност со законска регулатива и известување и имплементирање при измени во истата
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, доколку сте комуникативна личност, со силни интерперсонални карактеристики, флексибилни, спремни за учење и тимска работа
АПЛИЦИРАЈТЕ !!!
испратете Ваша биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација не подоцна од 10.01.2023
Кандидатите кои успешно ќе го поминат процесот на пред елиминација ќе бидат контактирани телефонски. Задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.