Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - ДС СМИТХ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДС СМИТХ

smartflex


 

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.

Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com

 

DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
Специјалист за човечки ресурси


​Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома од областа на општествени науки, правни науки и од областа на човечки ресурси  
  • Работно искуство на иста позиција мин. 5 години
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office)
  • Почитување на дадени крајни рокови и поддршка на соодветниот сектор
  • Желба за учење и надоградување
  • Возачка дозвола – активен возач

Вашите одговорности:
  • Подготовка, одржување и ажурирање на системот од документи поврзани со трудово –правните односи
  • Изготвување на договори за вработување, анекси кон договорите на постаојните вработени, документи за одмор, престанок на рaботен однос и останата потребна документација
  • Учество во процес на селекција и регрутација
  • Учество во процес на идентификување на потребата од обуки и организирање на истата
  • Работи во оперативен програм за човечки ресурси и редовно врши ажурирање на централен (групациски) апликативен софтвер
  • Учество при изработка на годишен буџет
  • Учество во различни проекти од областа на човечките ресурси
  • Активно работење на унапредување на процесите во човечки ресурси
  • Помош при спроведување на постапката за оценување на учинокот (PDR)
  • Спроведување на процес на развој на вработените
  • Следење на законските регулативи, и предлог и имплементирање во случај на измени
 

Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
 

Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, доколку сте комуникативна личност, со силни интерперсонални карактеристики, флексибилни, спремни за учење и тимска работа

АПЛИЦИРАЈТЕ !!!

испратете Ваша биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација не подоцна од 10.01.2023

Кандидатите кои успешно ќе го поминат процесот на пред елиминација ќе бидат контактирани телефонски. Задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде