Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
СОЛВИС ДОО
СОЛВИС ДОО Гевгелија е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на дермокозметика и медицински помагала ISTITUTO GANASSINI од Милано Италија и Epsilon Health Greece, во Македонија присутна од 2012 година.
Во моментов имаме потреба од следнава работна позиција:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Од избраните кандидати се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
Потребни квалификации:
Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
Работно познавање на MS office пакетот
Одлични организациски способности и вештини на планирање
Претходно искуство како медицински преставник ќе се смета за предност
Кандидатот да биде со место на живеење во Скопје
Oдговорности:
Реализација на предвидениот план за продажба
Спроведување на предвидените маркетинг активности
Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
Посета на лекари и фармацевти
Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
Градење на добри релации со клиентите и претставување на компанијата СОЛВИС
Припрема на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
Профил на идеалниот кандидат:
Лојална и посветена личност
Самоиницијативност во реализација на зададените цели
Ориентиран кон резултати
Подготвен за учење, усовршување и надоградување
Подготвен за патување
Отворен, искрен и позитивен став
Тимски играч
Ние нудиме:
Можности за градење на кариерата во успешна компанија која брзо расте
Интересна и динамична работна средина
Службен автомобил, мобилен
Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати
Едукација во Грција
Доколку сте комуникативни, сакате динамична работна средина во областа на маркетингот и комерцијата, преку која ќе бидат препознаени Вашите индивидуални и тимски карактеристики и сте подготвени за Ваше понатамошно лично и стручно усовршување, Ве покануваме да станете и Вие дел од тимот на СОЛВИС.
Испратете ги Вашето резиме (кратка биографија) со фотографија на македонски и англиски јазик, мотивациско писмо, уверение за завршено соодветно образование, како и копија од возачката дозвола, електронски преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!