ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика.
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ објавува ОГЛАС за работна позиција:
Одговорности и задачи:
- Планирање и обезбедување на потребните ресурси на ниво на проект
- Изработка на план и стратегија на активности на ниво на проект
- Распределба на работни задачи по работни позиции во рамки на проектот
- Изработка на термински план и негово редовно ажурирање
- Комуникации со клиентот во врска со текот на проектот и известувања за евентуални отстапувања од договорениот рок на испорака
- Организирање состаноци со проектниот тим
- Организирање состаноци на проектниот тим со клиентот
- Распределба на ресурси во рамки на проектниот буџет
- Предвидување, анализирање и менаџирање на потенцијални ризици
- Контрола на активностите по план за работа
- Креирање извештаи и потребна документација
- Проследување на информации до претпоставеното лице
- Постојана комуникација со проектниот тим за да се обезбеди максимална ефикасност и оптимална стратегија
- Завршено соодветно високо образование – Машински, Електро или Технолошки факултет имаат предност
- Пожелно претходно работно искуство на наведената позиција
- Високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способности
- Одлично познавање на MS Office
- Способност за работа во тим
- Одговорност и аналитички способности
- Иницијативност и адаптабилност
- Организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови
- Конкурентна плата
- Предизвик, стабилност и можност за учење и напредување
- Континуирано усовршување