Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Куманово и Велес - Куманово и Велес - БИМА-ЛОГИСТИКА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист - Куманово и Велес

Куманово и Велес

Рок за пријавување:

  • БИМА-ЛОГИСТИКА ДООЕЛ

Компанија специјализирана за маркетинг, продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка и официјален застапник за реномираните брендови:ELEPHANT, CORNY, 4YOU, HEIDI, FINI, BIP, TROLLI, JOYA, JABOLCELO, ADRIANA, WAI WAI и други.

Бaраме КОМЕРЦИЈАЛИСТ за регион КУМАНОВО и ВЕЛЕС

Одговорности и работни задачи:

  • Посета и продажба во секој продажен објект  според Рута План и навремено  евидентирање на нарачките  електронски во софтверската системска  апликација за нарачки.
  • Директно се грижи за успехот на секој свој бренд преку најдобра примарна и секундарна позиција на секое продажно место.
  • Успешно вршење на Мерчендајзинг и  Менаџирање на категории на рафтови за своите производи  по секој продажен објект по Рута План и План со неделни/дневни цели.
  • Ја следи листата на должници од Традиционална Трговија каналот  и презема активности за наплата на побарувањата.
  • Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
  • Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба

Нудиме мотивирачки бонуси и солидна основица а бараме да ги имате следниве квалификации и квалитети:

  • ССС е неопходна а универзитетска диплома  како и завршени тренинзи/обуки за продажба и мерчендајзинг активности  ,се сметаат за предност.
  • Педантен , Приципиелен и со Одлични организациски вештини.
  • Проактивност и Систематичност .
  • Упорност и Константност во спроведување на Плановите.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Аналитички способности,систематични, упорни и енергични.
  • Способност за работа под притисок и со задачи со кратки лимитирани рокови.
  • Позитивен пристап, Љубезност и учтивост.

Ги замолуваме сите заинтересирани кандидати да ни пратат CV преку Брзата Апликација, најдоцнa до 15.02.2023. со Назнака/Subject:КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА КУМАНОВО и ВЕЛЕС.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде