СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
Возач
Реон: Скопје
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование;
- Желба за постојана надоградба и учење;
- Основно познавање на Aнглиски јазик;
- Основно познавање на MS Office и користење на апликација;
- Претходно работно искуство од 3 години на иста или слична позиција;
- Возачка дозвола Б категорија.
Работни обврски:
- Транспорт на материјали, преземање и доставување за службени потреби;
- Редовна и безбедносна контрола на возилото, известување за дефекти;
- Водење евиденција за редовни сервиси и регистрација на возилото;
- Водење грижа за хигиена на возилото.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здраствено осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.