Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
Клучни одговорности:
- Одговорен за обезбедување точно планирање на работните налози за одржување согласно политиката за ARP, на безбеден, економичен и ефикасен начин
- Анализа на работните барања и распределување на материјали, опрема и работна сила (односно нацрти, алатки, делови, мајстори, вештини, дозволи) со цел безбедно, економично и ефикасно да се заврши работата
- Организирање на ажурирање на документацијата: документи, цртежи, историја на одржување
- Подготовка на документација од аспект на безбедност: работни дозволи, план за превенција, анализа на ризик, животна средина, комунални услуги, пристап
- Одржување и издавање на барања поврзани со работниот налог
- Одржување и издавање на резервација на материјали и резервни делови
- Издавање добра (резервни делови и потрошен материјал) и логистика на работен налог
- Управување со резервни делови со подолг период на испорака (врз основа на стратегии за испорака)
- Утврдување на планираните трошоци
- Одржување и користење на архива на стандарди за одржување
- Следење на достапноста и напредокот на потребните ресурси за работа
- Надзор на изведбата на репарации и одржување по сетови
- Издавање материјал по работен налог (резервни делови и опрема кои можат да се поправат)
- Изготвување работни налози за поправка и пренесување на резервниот дел од магацинот до линијата
- Обезбедување прием и издавање на репарираната стока
- ВСС
- Добро познавање на техничките стандарди
- Управување со цртежи и документи
- Способности за анализа и синтеза
- Комуникација и тимска работа
- Стратешко размислување
- Одлично познавање на англиски јазик
- ИТ образован
Што нудиме: