Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар резултат , за учење и за унапредување во работата. По тој повод, потребна ни е личност за работно место:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Место на работа: Скопје
Работни обврски:
- Управување со постоечката база на клиенти и воспоставување контакти со нови клиенти
- Изработка на понуди за спортски клубови/организации и пронаоѓање на нови купувачи
- Креирање нарачки, фактурирање, продажба на стоки
- Преземање на продажни активности кои ќе допринесат во исполнувањето на зададените цели на месечно, квартално и годишно ниво
- Работа на терен - посета на купувачите и барање на нови купувачи , креирање на извештаи по извршената посета
- Следење и анализа на постигнатите резултати и подготовка на извештаи
- Правење нарачки за големопродажните купувачи и дефинирање на артиклите
- Ефикасна организација на функционалноста на show room
- Административна работа во согласност на активностите во секторот на големопродажба
- Обезбедување на наплата од купувачите
Потребни квалификации:
- IV / VI степен
- Минимум 4 години работно искуство на исто или слично работно место
- Добро познавање на пазарот за спортска облека и обувки
- Изразена ориентираност кон клиентите
- Добра компјутерска писменост (MS Office пакет)
- Познавање на англиски јазик (средно до напредно ниво)
- Возачка дозвола Б категорија - активен возач
Можете да очекувате:
- Работете во стабилна компанија
- Редовна и стимулативна заработка
- Бонуси во согласност со перформансите
- Можност за професионален развој
Вашето CV и мотивациско писмо испратете ги преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани