СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени.
Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО
Оддел: Логистика
Регион: Скопје
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование;
- Желба за постојана надоградба и учење;
- Основно познавање на Aнглиски јазик;
- Основно познавање на MS Office и користење на апликација;
- Возачка дозвола Ц категорија.
Работни обврски:
- Врши истовар и превоз на стоки од магацинот до купувачите и одговара за исправно ракување и употреба на возилото;
- Превезува стоки од добавувачи, царина и др;
- Врши истовар на стоки кај купувачите, средува и контролира заедно со одговорното лице на купувачот, зема потпис на испратницата за предадената стока;
- Се грижи и тековно го одржува возилото.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здраствено осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.