Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!
Комерцијалист - Промотер во малопродажба
Територија: Струмица, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп
Опис на работно место:
- Промоција и грижа за производите на Експанда во малопродажните места (продавници, маркети, тобако и големи клиенти) со кои соработува компанијата;
- Работи на реонот со кој е задолжен од страна на Супервизорот;
- Посетува продажни местa согласно однапред планирана рута зададена од страна на Супервизорот за продажба за реонот за кој е задолжен;
- Ефективно управување и извршување на распоредот на трејд програмите во неговиот реон;
- Има обврска да изготвува и доставува извештаи за теренската работа во однос на податоци за перформансот на зададените активности од страна на претпоставениот;
- Почитување на процедурите на работа;
- Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата со која е задолжен.
Потребни квалификации:
- Образование: минимум ССС;
- Познавање на Англиски јазик;
- MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Возачка дозвола Б категорија.
Лични карактеристики:
- Проактивен и професионален пристап во работата;
- Самоиницијативност, комуникативност, упорност, одговорност;
- Индивидуална и тимска работа.
Ние нудиме:
- Работно време од 08.00 до 16.00 часот од понеделник до петок;
- Користење на службено возило;
- Можност за напредок и кариерен развој во рамки на компанијата;
- Можност за надградување со тренинг, обука и доквалификација на вработените во компанијата.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку Брзата Апликација. Рок за доставување пријави e до 24.02.2023 година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.