Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
АСИСТЕНТ НА ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА РАБОТЕЊЕ НА СКЛАДИШТЕН ПРОСТОР
Основни одговорности и работни задачи:
Го следи планот за редовни периодични прегледи на опремата и мерилата во складовите и,во координација со одговорниот за нив, постапува согласно планот;
Во случај на дефект, го информира одговорниот за опремата и соодветно постапува;
Дополнително го планира работењето на складовите во случај на нефункционалност на дел од опремата;
Ја следи состојбата на количините на дериватите по резервоари и ги координира истоварите и утоварите по складови;
Ја следи усогласеноста помеѓу операциите на истовар во однос на влезните документи и ги следи разликите во влезните податоци со реалната состојба;
Ги следи утоварите и нивната документарна покриеност.
Редовно комуницира со вработените во складовите и прави контрола и координација на нивното работење.
Потребни квалификации:
Соодветно образование (предност ќе имаат кандидатите со машински или технички факултет);
Активно познавање на работа со компјутери и софтверски програми;
Возачка дозвола Б категорија;
Работно искуство на иста или слична позиција.
Личен профил:
Одговорна, ефикасна и ефективна личност;
Поседува силни организациски способности и вештини;
Иницијативност, флексибилност, посветеност и амбициозност;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Тимско работење и кооперативност.
Вашето резиме доставете го преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!