ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ИТ Специјалист
во „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје
Потребен/а е инженер/ка за работа во:
- Microsoft работна околина (Системска Администрација на Windows сервери, сеопфатно конфигурирање на Roles and Feautures( DNS, DHCP, RRAS.IIS, Fileserver….);
- Поддршка на крајните корисници, нивните десктоп или лаптоп работни станици, уредите за печатење/мултифункционалните уреди;
- Мрежна поддршка (Поддршка на активна и пасивна мрежна опрема од различни производители: Cisco, Fortinet и останати уреди);
- Виртуелизација (Виртуелизација и миграција на серверска околина со лиценцирани решенија како што се EXSi и Hyper-V);
- Поддршка за автоматизиран систем на управување на технолошкиот процес на бензинските станици и терминалот
За работното место се потребни следниве способности, вештини и одговорности:
- Релевантно образование ВСС, сертификати (MCSTechnician/Administrator, CompTia A + и/или Network + ќе се смета за предност);
- Професионално искуство во извршување на Level 3 поддршка - минимум 3 години;
- Одлично владеење со софтверските апликации MS Office;
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови;
- Способност за самостојна и тимска работа, решавање на проблеми и сервис за крајните корисници;
- Следење на политика и работни процедури;
- Искуство во изведба на внатрешна и надворешна инсталација на компјутерски мрежи; поставување и поврзување на мрежна опрема (router, switch, accesspoint);
- Искуство во инсталација на потребен софтвер и драјвери, анти-вирусни апликации и чистење на вируси.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе се третираат со строга доверливост.
Компанијата го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.