Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
Основни одговорности и задачи:
Врши продажба на нафтени деривати на коминтенти во Република Македонија;
Врши продажба на нафтени деривати, комуницира со постојаните и бара потенцијални купувачи;
Секојдневно комуницира со Менаџерите и транспортот за организирање на дистрибуција, утврдување на податоци на купувачот, количина и време на испораката, поради изготвување на про-фактури за плаќање и обезбедување на навремена дистрибуција;
Одговорен е за навремено плаќање на нафтените деривати на купувачите со кои има договорено испорака, ја следи состојбата со плаќањата и за тоа ги известува Менаџерите;
Подготвува дневни и периодични извештаи за договорените количини на продажба на нафтени деривати и плаќањата на истите;
Потребни квалификации:
Високо образование;
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
Активно познавање на странски јазици;
Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.
Вашето резиме доставете го преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!