Доколку имате вистинска страст кон животните и сакате да работите и да се грижите за нив, во ПЕТ ШОП кај наш соработник, потребен е:
Асистент менаџер на Пет Шоп– реон Ново Лисиче
ЗАДАЧИ:
- Грижа за животните во продавницата,
- Активна продажба и советување на клиентите за храната, додатоците во исхрана, средствата за нега и хигиена и опремата за нивните миленичиња,
- Одржување на залихата во продавницата,
- Прием на нарачки и подготовка на истите за испорака,
- Примена на стандардите и процедурите за работа,
- Грижа за имиџот на брендот и продавницата,
- Одржување на хигиена во продавницата и
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање.
- ССС
- Работно искуство најмалку една година,
- Динамична личност со способност за превземање иницијативи
- Одлични комуникациски, организациски и продажни вештини и ориентираност кон клиенти,
- Основно познавање на компјутери
- Познавање на Англиски јазик
- Способност за работа по притисок, справување со стрес и извршување на повеќе работни задачи истовремено,
- Смиреност и способност за решавање на конфликтни ситуации и
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
- Тимска и пријатна атмосфера за работа,
- Професионален развој, континуирани обуки и напредок во кариерата,
- Бенефиции при купување на производи од сопствени брендови,
- Полно работно време 40 часа неделно и работа во две смени (од понеделник до сабота),
- Годишен одмор согласно Закон за Работни Односи,
- Плата 27.000 ден.
- Исплата на регрес за годишен одмор – К15
- Вработување на определено работно време со можност по истекот да премине во вработување на неопределно време.