Трговско друштво за трговија, производство и услуги на големо и мало, ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion:
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ
Има потреба од 1 (еден) извршител на работно место
Регионален менаџер за продажба
(за Пелагониски и Преспански регион)
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ има потреба од 1 (еден) регионален менаџер за продажба (за Пелагониски и Преспански регион) кој ќе работи со полно работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот.
Клучни одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности - продажба на прехрамбени производи од асортиманот на работодавачот;
- Унапредување на продажбата
- Развивање и одржување на односите со клиентите.
Потребни квалификации:
- ВСС-Економски факултет;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години во продажба на прехрамбени производи;
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Напредно познавање на компјутерско работење (MS Office) и
- Основно познавање на англиски јазик.
Очекувани вештини и способности:
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Организациски и аналитички способности;
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Флексибилност за работа на терен.
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на позицијата.
Напомена:
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршување на огласот.
- Траење на огласот и рок на пријавување 10 работни дена од објава на огласот.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!