Vrabotuvanje.com - Продажен претставник во малопродажба (Скопје) - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Продажен претставник во малопродажба (Скопје)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од млади, талентирани лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место:

Продажен претставник во малопродажба (Скопје)

Одговорности:

  •  Проактивно нудење на прозводите и услугите на МКТ, и дополнителна опрема на сите корисници кои ќе го посетат продажното место
  • Информирање и презентации на корисниците за производите и услугите на компанијата (нови кампањи, нови пакети и производи, тарифни модели, опрема, дополнителна опрема и друго)
  • Проактивно нудење опрема (телефони, лаптопи, телевизори), како и дополнителна опрема (тротинети, футроли, звучници итн) на сите корисници кои го посетуваат продажното место
  • Склучување договори со корисниците, активирање сервиси, промена на тарифни модели, активирање на дополнителни услуги, наплата на фактури и останати услуги за корисниците, согласно процедурите и добиените инструкции и насоки за работа
  • Подготвување спецификација за дневниот промет и работата со готовина

Што очекуваме:

  • Желба за работа со корисници
  • Тимски играч
  • Максимално високо ниво на професионалност, љубезност и услужливост
  • Отвореност и спремност за учење
  • Вљубеник во технологијата

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата која се состои од фиксен дел и бонус кој зависи од остварувањето на продажните резултати
  • Учество во продажни програми во рамки на ДТ Групацијата и продажни кампањи
  • Обуки за продукти и вештини (продажни, комуникациски...)
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

  • Работното време во смени (понеделник до сабота, по потреба дежурства во недела)

Начин на ангажирање

  • Определено време

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Продажен претставник во малопродажба 

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде