Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги.
Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали за производство на делови за пневматика и хидраулика по нацрт: цилиндри, навртки, завртки, вентили, мутери, разводници, уметоци, прототипи и многу други.
Основни индустрии за кои се наменети нашите производи се: Автомобилската, машинската (машинерија и опрема), индустрија за пакување, транспортната, земјоделската и др
95% од производството е наменето за зивоз до купувачите во ЕУ.
Технолог – Програмер
Должности и работни задачи:
- Познавање и протолкување на работилнички цртеж за машински делови
- Изработка на NC програми за CNC струг, CNC глодалка и техничка документација/ спецификации за изработка на машински делови
- Има општо познавање од производствени процеси кои влијаат на квалитетот на машинските делови
- Учествува во развој на производни процеси и контрола на квалитет
- Учествува во изработка на прво парче/прототип
- Знае да користи/препознава мерни инструменти според карактеристиките кои се бараат во техничкиот цртеж/пропратна документација
- Препорачливо да познава CAD/CAM софтверски пакети
Квалификација (степен и вид на образование)
- Средна стручна подготовка (во областа на машинството) или
- Високо стручна подготовка (машински инженер)
Што нудиме:
- Интерни и екстерни обука за работното место
- Работа во една смена
- Безбедна работна средина
- Колективен годишен одмор
- Прекувремена платена работа
- Бонуси за ненаправен шкарт
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
- Почетна плата: од 40,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
- Кандидатите со искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите кандидати.
Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација!