Vrabotuvanje.com - Доставувач на материјали (м/ж) - Скопје - АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Доставувач на материјали (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

We deliver high quality products that save lives and move the world forward by developing safer, greener and more connected solutions, enabling the future of mobility impacting millions of people. Aptiv.com

Како поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје, Македонија, се бараат кандидати за позицијата:

Доставувач на материјали (м/ж)

Главни задачи и одговорности: 

  • Растовар на материјали, проверка на количина и квалитет на пратката и заверка на документацијата за секоја пратка
  • Поставување на материјалите на локација за чување почитувајќи го FIFO  принципот
  • Навремено дополнување на производните линии со материјали за производство
  • Товарање на готов производ, проверка на количина и квалитет и споредба со извозната документација
  • Изведба на физичко и системско пренесување на производи во реално време

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во производна дејност
  • Способност за самостојна работа и тимска соработка
  • Прецизност, работливост и флексибилност

Ви нудиме:

  • Можност за работа во глобална организација
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на регрес и минат труд
  • Слободен ден за роденден
  • Спортски активности
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
  • Организиран транспорт и храна за вработените
  • Социјални активности и програми
  • Работно време: во три смени

Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.

Рок за аплицирање: 31.05.2023

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.

*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: aptiv.hr.macedonia.staffing@aptiv.com

 

Да дознаете повеќе за Aптив, посетете ја страната www.aptiv.com/careers

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде