Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, имаме потреба од:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ за регион на Р. Косово
Основни одговорности и задачи:
Врши продажба на нафтени деривати на коминтенти во надвор од границите на Република Македонија (Р. Косово);
Врши продажба на нафтени деривати во Р. Косово, комуницира со постојаните и бара потенцијални купувачи;
Секојдневно комуницира со Менаџерите и транспортот за организирање на дистрибуција, утврдување на податоци на купувачот, количина и време на испораката, поради изготвување на про-фактури за плаќање и обезбедување на навремена дистрибуција;
Одговорен е за навремено плаќање на нафтените деривати на купувачите со кои има договорено испорака, ја следи состојбата со плаќањата и за тоа ги известува Менаџерите;
Подготвува дневни и периодични извештаи за договорените количини на продажба на нафтени деривати и плаќањата на истите;
Потребни квалификации:
Активно познавање на албански јазик;
Високо образование;
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака Комерцијалист за големопродажба на нафтени деривати за регион на Р. Косово
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!