Vrabotuvanje.com - Референт за наплата на побарувања - Скопје - ФЕНИКС Фарма
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за наплата на побарувања

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФЕНИКС Фарма


ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 25 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
 
 
 
Референт за наплата на побарувања
 
 
Обврски и одговорности:
  • Следење на наплатата на побарувањата и превземање на активности и мерки за наплата на тековни и стари побарувања согласно процедурите и актите на Друштвото 
  • Креира извештаи околу тековната и планирана наплата на побарувања
  • Контактира со клиентите и го договара начинот на наплата
  • Следи, евидентира и ги анализира побарувањата и доставува предлози со цел наплата на побарувањата
 
Потребни квалификации, вештини и способности:
  • ВСС: Економски факултет
  • Искуство од најмалку една година на иста или слична позиција, пожелно во банкарски сектор или осигурителна компанија
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Силни преговарачки способности
  • Способност да работи ефективно самостојно и како дел од тим
 
Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Работното време е од 07:30 до 15:30 часот, од понеделник до петок.
 
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок преку полето Брза Апликација.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде