Теренски техничар во Сервисен оперативен центар – локација Кичево
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во нашата дигитална компанија луѓето имаат влијание и постојано се развиваат.
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба за ангажирање на талентиранo лицe на работно место: Теренски техничар
Теренскиот техничар извршува работни налози за инсталација на нови услуги и напредни Wi-Fi решенија или решава технички проблеми кај корисниците на Македонски Телеком. Техничарот врши нудење и продажба на услугите на Македонски Телеком на сите потенцијални корисници, дава и собира повратни информации на корисниците за производите и услугите.
Пожелно е да имаш искуство со монтажа и инсталација на телекомуникациски услуги, желба за учење и динамична работа на терен.
Што очекуваме:
- Комуникативен и тимски играч
- Ориентиран кон исполнување на зададени резултати
- Подготвен за работа со корисници
- Способен да се справува со конфликтни ситуации
- Услужлив и позитивен
Квалификации
- Средно образование;
- Со и без работно искуство:
- Возачка дозвола- Б-категорија
- Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (бакар и оптика) и кабли LAN;
- Работа со компјутери (MS Office) и работа со апликации за оперативно работење
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Компетитвен пакет на надоместоци (основна плата и бонус)
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
- Понеделник до петок од 08 до 16 часот (секоја втора сабота работна).
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање Теренски техничар (локација Кичево)
Контакт информации тел. 02/3 242-602
Забелешка:
Сите примени аликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.