Специјалист Готвач за комерцијален кетеринг и коктел настани
(3 извршители, Скопје)
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно угостителско образование, пожелно ВСС во областа на угостителство
- Потребно 5 (пет) годишно работно искуство во познавање, подготовка на кетеринг прослави и коктел настани
- Самоиницијативност, одговорност, лојалност
- Енергичност, истрајност, иновативност и креативност
- Совесност и одговорност во извршување на работните задачи
Опис на работни задачи и одговорности:
- Врши планирање, организирање и координирање на секојдневните оперативни активности во производството и подготовката на кетеринг менијата
- Со креативни идеи изработува и креира уметнички изглед на кетеринг менијата согласно барањата на клиентите
- Врши креирање на нормативи и криериуми за подготовка на кетеринг менијата
- Води грижа за спроведување на контрола на процесот за квалитет на храната која се подготвува, со цел да се постигне максимално квалитетен и безбеден производ
- Спроведува одлична комуникација и координација со вработените во тимот
- Ги контролира залихите во дневниот магацин, рокот и квалитетот на суровините во него
- Се грижи сите хигиенско санитетски процедури и HACCP стандарди да бидат запазени и спроведени
- Врши оптимизација на процесот и воведува нови практики и технологии со цел негово подобрување
- Изготвува дневни и месечни извештаи за производство и подговтовка на кетеринг менијата на барање од претпоставените
На кандидатот му нудиме:
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Почетна бруто плата од 90.000 денари
- Можност за понатамошен професионален развој
- Подарок за роденден
- Организирана исхрана
- Вработување на определено време со можност за продолжување
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку Брзата Апликација со назнака “Специјалист Готвач за комерцијален кетеринг и коктел настани”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ЛЛ КЕТЕРИНГ ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.