Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Account Manager
(Продажно лице за ИТ опрема, галантерија и потрошувачка електроника)
Работно место во Скопје
Што добивате:
- Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Исплата на годишен регрес;
- Службен телефон;
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работни задачи:
- Одговорен за продажни активности и комерцијални резултати на Паком продуктно портфолио кон листа на купувачи - партнерска мрежа;
- Оперативно спроведување на продажни пазарни активности и промоции за дефинирано портфолио на производи кон листа на купувачи;
- Следење на трендови и активности на пазарот, конкуренција, квалитетно и навремено позиционирање на нашите производи кај делегираните продажни партнери;
- Проширување на портфолио на брендови и производи со цел зголемување на пазарен удел кај продажните партнери;
- Позиционирање на производи во канал продажни партнери и нивни продажни места во согласност со стратегијата на поедини брендови;
- Изработка и ангажман за реализација на продажни партнерски годишни планови;
- Учество во планирање и организација на продажни и промотивни активности и нивно спроведување во партнерски канал;
- Преговарање и одржување на квалитетен однос со партнерски канал, унапредување, проширување на портфолио и зголемена соработка со продажни партнери;
- Редовна посета, организирање и водење на состаноци и самостална комуникација со доделени продажни партнери.
Од кандидатот очекуваме:
- Завршено ВСС;
- Најмалку 3 години работно искуство во продажба во наведената индустрија;
- Добро познавање на пазарот и продажните партнери за ИТ, галантерија, аксесоари и потрошувачка електроника;
- Возачка дозвола, Б категорија;
- Високо познавање и користење на ИТ технологија, МS Office програми и други алатки;
- Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата;
- Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност. Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.
- Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;
- Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.
Краен рок за аплицирање; 26.06.2023 година.