Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Референт за општи работи
Што добивате:
- Конкурентна плата;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Исплата на годишен регрес;
- Службен телефон;
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работни задачи:
- Ги прати трошоците за интерни набавки, анализира, известува и прави извештаи;
- Врши супервизија на процесите за интерни набавки;
- Набавка на канцелариски материјали и други работи;
- Следење и обнова на договори за осигурување, лизинг, ПП апарати, БЗПР;
- Обезбедува и доставува документи до разни институции;
- Се грижи за целосна организација, управува и врши супервизија на процесите за одобрување и следење на службени патувања;
- Го организира и контролира работењето на возен парк;
- Управува во организацијата на внатрешните работи и пружи комплетно логистичка поддршка;
- Одговорен за корпоративна коресподенција, mail, телефон;
- Извршува работи кои се врзани со ХР евиденција (систематски прегледи, БЗПР);
- Извршува останати работи согласно позицијата.
Од кандидатот очекуваме:
- Завршено ВСС;
- Најмалку 3 години работно искуство на позицијата;
- Возачка дозвола, Б категорија;
- Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини;
- Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност;
- Совесност во работењето и одлучност за навремено делување;
- Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;
- Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.
Краен рок за аплицирање; 26.06.2023 година.