Vrabotuvanje.com - Мрежен инженер Кинг - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Мрежен инженер Кинг

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Мрежен инженер Кинг

Што добивате:

  • Конкурентна плата + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
  • Можност за професионален развој и континуирана едукација.

Работни задачи:

  • Дизајнирање, имплементација и одржување во областа на мрежни решенија и мрежна безбедност од следните области: Next Generation Firewall решенија, решенија за заштита од напредни закани, LAN и SD-LAN мрежни решенија, WAN и SD-WAN мрежни решенија, мрежни решенија за податочни центри и WiFi мрежни решенија;
  • Сеопфатни решенија и концепти за мрежна заштита;
  •  Консултации со корисници во областа на мрежни решенија и мрежна безбедност;
  • Соработка со сите нивоа на управување и трансфер на знаење;
  • Подготовка на документација, анализа на барањата и проценка на трошоците во фазата на претпродажба;
  • Креирање на функционални и технички спецификации;
  • Специфицирање на соодветна опрема и модели и работа со алатките за конфигурација и спецификација на производителот на опремата;
  • Соработка со производителите, корисниците на опремата и доближување на релевантните трендови и новите технологии до корисниците и 
  • Континуиран личен и професионален развој со активно учество во професионалните заедници и следење на пазарите и трендовите

Вие сте идеален кандидат доколку:

  • Имате завршено ССС од техничка насока. Предност ќе имаат кандидатите со завршено високо стручно образование од техничка насока.
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Активно користење на англиски јазик;
  • Способност за анализа на барања, дизајн на решенија и креирање на функционални и технички спецификации;
  • Добро познавање на принципите, практиките и стандардите во областа на комуникациските, мрежните и безбедносните технологии;
  • Како плус ќе се смета доколку кандидатот поседува знаење од областа на системската инфраструктура;
  • Kaндидатот треба да поседува подготвеност за континуиран развој и високо ниво на одговорност;
  • Комуникативност, проактивност, организациски вештини, темелност во пристапот;

Пожелно е, но не е задолжително кандатитот да поседува:

  • Преговарачки и продажни вештини;
  • Професионални сертификати во доменот на мрежни и безбедносни технологии (Cisco, Check Point, Fortinet, HPE.);
  • Професионални сертификати од областа на системската инфраструктура (VMware, DELL EMC, Microsoft, HPE.)

Краен рок за аплицирање: 26.06.2023 година.

 

APPLY FOR THIS JOB

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде