LION од Свети Николе е успешна компанија која произведува кондиторски производи со врвен квалитет и извонредна грижа за клиентите. Освен на домашниот пазар производите под брендот LEONA се дистрибуираат во повеке земји од регионот, Европа и светот. Нашите производи носат слатки моменти на среќа во секој дом, бидете и вие дел од оваа мисија.
Во LION кон вработените се гледа со достоинство и почит. LION има за цел да обезбеди безбедна работна средина за своите вработени и да обезбеди правичен надомест за вложениот труд. LION се залага за лојалност, саминицијативност, лидерство, тимски дух, чесност и интегритет.
Ве очекуваме да ни се придружите на следнава позиција:
СМЕНСКИ ТЕХНОЛОГ
Компанијата е во потрага по кандидат кој има одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа, иницијативност и проактивност во работењето и развиени аналитички способности.
Потребни квалификации:
- Кандидати со универзитетско образование
- Релевантно работно искуство од најмалку 1 година
- Искуство во контрола на квалитет ќе се смета за предност
- Познавање на Microsoft пакетот (Word, Excel и PowerPoint)
- Познавање на Англиски јазик (писмено и усмено) ќе се смета за предност
Компанијата обезбедува:
- Атрактивен компензациски пакет согласно последните истражувања на плати за позицијата на ниво на Македонија и регионот
- Компетитивна плата согласно работното искуство
- Позитивна работна средина и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот
- Можности за обуки и градење на кариера
Главни одговорности:
- Врши континуирано следење на квалитетот на производите и предложува подобрување на технолошките процеси (извршува органолептичка проверка на производи и суровини, контрола на пакување, контрола на метал-детектор, контрола на етикети, контрола на декларации на пакување и транспортни кутии)
- Го контролира и оддржува системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на производи безбедни по здравјето на луѓето согласно соодветните законски регулативи за квалитет и безбедност
- Спроведува проверка на опремата за мерење преку тестирање на поставеност и фукницоналноста на истата
- Врши прием на суровини, како и земање на примерок од суровините потребен за анализа
- Врши архивирање на сите документи од приемот на суровини
- Одговорен е за одобрување на почетокот на работа на сите линии на производство по претходно извршените трестови за хигиена
- Предлага корективни мерки доколку увиди дека критичните точки на контрола се надвор од зададените рамки, како и за се друго поврзано со безбедноста и квалитетот на производите
Работни услови:
Позицијата подразбира работа во административна смена од 8:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, во деловните простории на компанијата кои се наоѓаат во Св.Николе.
Како да аплицирате?
Доколку сте заинтересирани за кариера во LION, испратете го вашето кусo CV преку Брзата Апликација.
НАПОМЕНА: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.