Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРО ТАБАК ДОО
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Референт во секторот Финансии.
Локација: Скопје
Оддел: Финансии
Рок за пријавување: 17.07.2023
Позиција: 1
Цел на работното место:
Одговара за работење со финансиските и сметководствените информации на организацијата, со што овозможува носење на информирани одлуки. Анализира стабилност на компанијата и доставува финансиски информации до останатите деловни единици, со што им овозможува да прават буџетирања и да носат одлуки.
Услови за работаи бенефиции:
Редовна месечна плата;
Полно работно време - 40 часа;
Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
Пријатна работна атмосфера;
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Приватно здравствено осигурување;
Континуирани обуки и стручно доусовршување
Потребни квалификации:
Високо образование ( Економска насока);
Најмалку 2 години искуство во финансии или сметководство;
Комуникациски вештини;
Познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на MC Office – Excel, Word
Работни задачи:
Врши усогласување на картици со коминтенти, изготвува записници и конфирмации
Контактира со коминтенти за наплата на побарувања
Книжи изводи
Изготвува и книжи компензации, цесии
Затвора повратници, книжни одобренија
Врши аналитичка евиденција (основни средства, контен план итн.)
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 17.07.2023
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!