Vrabotuvanje.com - Помошник готвач - Скопје - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Помошник готвач

Скопје

Рок за пријавување:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 
 
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
 
Помошник готвач
 
 

Работни должности:

  • Помош на главниот готвач
  • Подготовка на храна согласно дадени инструкции на главниот готвач
  • Управување со организација во кујна
  • Пакување на храна
  • Домаќински однос кон сите апарати и опрема во кујната
  • Грижа за работниот простор и инвентарот
  • Врши и други работи од делокругот на неговото/нејзиното работење;
  • Одговорен/а за редовно известување на шефот на кујната за својата работа;
  • Задолжен да извршува други работи по барање на управителот.

Работни одговорности:

  • Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
  • Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Го почитува работниот распоред,
  • Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
  • Во комуникација со потрошувачи разговорот  го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
  • Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
  • Ја почитува работната дисциплина;
  • Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
  • Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
  • Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

Образование, квалификација, професионалано работно искуство:

  • Средно образование;
  • Работно искуство во Друштво за производство, трговија и угостителство;
  • Работење и однесување во согласност со принципите на деловната комуникација и поведение;
  • Познавање на сите услуги кои ги нуди друштвото;

Лични карактеристики:

  • Навремено исполнување на работните задачи;
  • Способност за справување со стрес;
  • Организираност;
  • Доверливост;
  • Лојалност кон друштвото;
  • Одговорност;
  • Одлучност и  креативност
  • Тимски работник

 
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде