Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
КАНЕЛА-ПРИМА Т.П.СЛАТКАРНИЦА
Канела приказната ја започнавме во 1991 година со силна желба да подготвуваме торти и колачи, по домашни рецепти, со најдобри состојки - онакви какви што правеле нашите мајки и баби. Вртејќи по бабините готвачи успешно ги претвораме нашите долго чувани семејни тајни во вкусни торти и колачи во кои и вие уживате денес. Употребата на здрави, вкусни и квалитетни состојки секогаш е наша определба. Така создаваме голем број на производи, погодни за секоја ваша пригода, расположение и годишно време...
Во моментов имаме потреба од вработување на:
продаВАЧКА
Потребни квалификаци:
Завршено најмалку средно образование
Пожелно e предходно работно искуство во продажба
Основно познавање на англиски јазик
Личен профил:
Креативна личност која е способна идеите на купувачот да ги преточи во реалноста на начин на кој ќе ги оствари неговите барања и ќе успее да создаде едно оригинално дело кое како готов производ ќе се одликува со естетска убавина
Способност за разликување на лошо и добро гледано со објективни очи земајќи ги во предвид различните вкусови на купувачите
Личност која е подготвена да го слуша купувачот и преку разговорот да ги предвиди неговите вкусови за да може да биде остварена неговата желба
Трпение, смиреност и љубезност
Вредна и одговорна личност
Ведрост и комуникативност
Лојалност, флексибилност и енергичност
Способност за индивидуална и тимска работа
Способност за работа во смени
Професионален однос кон работата и клиентите
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!