Vrabotuvanje.com - Повик за практикантство - Скопје - РЕПЛЕК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Повик за практикантство

Скопје

Рок за пријавување:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето? Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО

Реплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична обука со можност за вработување.

Услови за аплицирање

  • Оддел: Развој и истражување
  • Образовен профил: Завршни студии на Фармацевтски факултет/ Технолошко-металуршки факултет;​​
     
  • Оддел: Контрола на квалитет
  • Образовен профил: Завршни студии на Фармацевтски факултет/ Технолошко-металуршки факултет (студиска програма инженерство на материјали и нанотехнологии);
    Завршни студии на Природно-математичкиот факултет - Институт за хемија (студиска програма за применета хемија; применета хемија - аналитичка биохемија), Институт за биологија  (студиска програма за биохемиско-физиолошка насока или молекуларна биологија);
     
  • Оддел: Производство
  • Образовен профил: Завршни студии на Фармацевтски факултет
    Средно стручно образование (хемиски техничар, фармацевтски техничар, медицинско–лабораториски техничар);
     
  • Оддел: Комерција
  • Образовен профил: Завршни студии на Фармацевтски факултет;
     
  • Оддел: Набавки
  • Образовен профил: Завршни студии на Фармацевтски факултет и завршни студии на Машински факултет;
     
  • Оддел: Корпоративни комуникации
  • Образовен профил: Завршни студии на Економски факултет;
     
  • Оддел: Инженеринг
  • Образовен профил: Машински факултет/ФЕИТ;
     
  • Оддел: Сметководство и финансова оперaтива
  • Образовен профил: Завршни студии на Економски факултет;
     
  • Оддел: Човечки ресурси/персонална администрација
  • Образовен профил:  Завршни студии на Економски факултет/Правен факултет;

        

Вие сте нашиот идеален кандидат, доколку:

  • Имате афинитет кон фармацијата и да се заинтересирани за стекнување или надградба на своите знаења во наведените области;
  • Сте проактивни и посветени, со голема желба и мотивација за учење;
  • Имате конструктивен и позитивен став кон доделените задачи.

Вашата кратка биографија и мотивациско писмо ги очекуваме преку полето ‘‘ Брза Апликација’’ со назнака “За пракса” и областа за која аплицирате, најдоцна до 02.07.2023 година. Избраните кандидати ќе бидат вклучени во процесот на селекција, проследен со интервјуа.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде