Vrabotuvanje.com - Процес инженер/Process Engineer - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Процес инженер/Process Engineer

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. 
 
Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Процес инженер/Process Engineer
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Одговорен за дизајнирање, спроведување, контрола и оптимизирање на индустрискиот процес за кој  е задолжен
  • Ја мониторира опремата, вклучително и нејзиното редовно тестирање и одржување;
  • Врши надзор над процесите и оптимизацијата на производната линија
  • Асистира во одлучувањето за набавка на нова опрема, машини и алати
  • Асистира при инсталирање на нова опрема
  • Врши постојана евалуација на опремата, алатите и машините, со цел одржување на ефикасноста и квалитетот на производниот процес
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од машинска струка
  • Најмалку 3-годишно искуство во производна средина, пожелно на работи и задачи како Процесен инженер
  • Работа со (SPC, ISHIKAWA, 5 Why, Six Sigma)
  • Познавање на OEE
  • Искуство со Cost reduction
  • Способност за  решавање на проблеми
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Познавање на AutoCAD или слични софтвери ке смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Процес инженер во производство (Process Engineer Manifacturing)"  преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде