Компанија специјализирана за маркетинг, продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка и официјален застапник за реномираните брендови:ELEPHANT, CORNY, 4YOU, HEIDI, FINI, BIP, TROLLI, JOYA, JABOLCELO, ADRIANA, WAI WAI и други.
Бaраме КОМЕРЦИЈАЛИСТ за регион Гостивар и Тетово
Одговорности и работни задачи:
- Посета и продажба во секој продажен објект според Рута План и навремено евидентирање на нарачките електронски во софтверската системска апликација за нарачки.
- Директно се грижи за успехот на секој свој бренд преку најдобра примарна и секундарна позиција на секое продажно место.
- Успешно вршење на Мерчендајзинг и Менаџирање на категории на рафтови за своите производи по секој продажен објект по Рута План и План со неделни/дневни цели.
- Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
- Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба
Нудиме мотивирачки бонуси и солидна основица а бараме да ги имате следниве квалификации и квалитети:
- ССС е неопходна а универзитетска диплома како и завршени тренинзи/обуки за продажба и мерчендајзинг активности ,се сметаат за предност.
- Педантен , Приципиелен и со Одлични организациски вештини.
- Проактивност и Систематичност .
- Упорност и Константност во спроведување на Плановите.
- Одлични комуникациски и презентациски вештини.
- Аналитички способности,систематични, упорни и енергични.
- Способност за работа под притисок и со задачи со кратки лимитирани рокови.
- Позитивен пристап, Љубезност и учтивост.
Ги замолуваме сите заинтересирани кандидати да ни пратат CV преку Брзата Апликација, најдоцнa до 24.07.2023. со Назнака/Subject:КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА СКОПЈЕ.