ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ОК РЕСТОРАНТС & БАРС ДООЕЛ - Подружница ОЛВЕЈС ФРЕШ
Ул.„Скупи“ Бр.5А – Скопје (во склоп на Клиничка Болница Аџибадем Систина)
Првично со Договор за вработување на определено време на 3 месеци, со можност за продолжување
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/вештини за работното место
Услови:
- Завршено средно образование
- Со или без работно искуство
- Основно познавање на англиски или друг јазик, ќе се смета за предност
Работни задачи:
- Прима, послужува и наплаќа нарачки од гостите во ресторанот
- Прима, доставува и наплаќа нарачки добиени по телефон
- Се грижи за уредноста на масите и проторот во ресторанот
- Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг на работа и по насоки од Раководителот
Способности и вештини:
Способност за тимска работа, управување со време, флексибилност, точност, агилност и способност за следење на компаниската политика и процедури на работење и одлични комуникациски вештини.
Работа во смени, 40 часа неделно.
Почетна нето плата во висина од 27.000 денари
Вашата биографија (CV) можете да ја пратите електронски преку Брзата Апликација со назнака - Оглас за Келнер во ОЛВЕЈС ФРЕШ.
Оддел за Човечки ресурси