Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст, „Службен весник на РМ“ бр.62/05, бр.161/2008, бр.130/2009, бр.50/2010, бр.52/2010, бр.124/2010, бр.47/2011, бр.11/2012, бр.39/2012, бр.13/2013, бр.25/2013, бр.170/2013, бр.187/2013, бр.113/2014, бр.20/2015, бр.33/2015, бр.72/2015, бр.27/16), Друштво за производство, трговија, преработка и услуги ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден, со седиште на ул.”Технолошка Индустриска Развојна Зона” бр.15 Илинден/Илинден, вработува:
ШИВАЧИ/ШИВАЧКИ на технички текстил во автомобилска индустрија
ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден/ Скопје има потреба од работници во производствениот погон во ТИРЗ- Бунарџик.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во конфекција (пожелно е искуство во полето на автомобилската индустрија)
- Мотивација за надградување на работните вештини
Личен профил:
- Тимски играч
- Трудољубивост
- Доверливост
Опис на работни задачи:
- Да ракува со машината за шиење;
- Да разликува начини на кроење и шиење;
- Да шие специфични кројни делови на конфекциски материјал;
- Правилно да користи кројни делови;
- Да поправа конфекциски производ;
- Да спроведува технолошки постапки во конфекциски производ;
- Да применува норми на работна етика;
- Да се грижи за исправност на машината како би можел да ја изврши задачата сo соодветен квалитет и
- Други работи и работни задачи предвидени согласно работната позиција.
Услови за работа:
- Колегијална и пријателска работна атмосфера;
- Редовни месечни примања;
- Редовен работен однос со дневно 8-часовно работно време, 40-часовно неделно работно време, сменска работа- прва и втора смена;;
- Обезбеден транспорт од и до работното место и храна;
- Прекувремена работа, работа за викенд и работа на празник се плаќаат дополнително, согласно позитивните законски прописи и
- Можност за лично и професионално надоградување.
Ве замолуваме да ни ги испратите Вашите апликации/ кратки биографии на македонски јазик, преку полето за Брза апликација
Избраните кандидати ќе бидат контактирани на кратко интервју