Чувствувајќи ја потребата од европски стандарди на квалитет во сегментот на такси услугите, а притоа дејствувајќи како лидер во 5 држави и повеќе од 40 градови, Cammeo вработува повеќе од 1.400 вработени и со сопствена флота доаѓа како првото „зелено“ такси на улиците на Скопје
Ако сакаш да работиш во динамична средина со европски шарм, НИЕ ИМАМЕ РАБОТА ЗА ТЕБЕ!
Пријави се од денес и биди и ти дел од успешниот тим на Cammeo!
ОПЕРАТОР ВО CALL CENTER
- Комуникација во вид на примање и одговарање на повици од клиенти,
- Работа во смени,
- Следење на реализирањето на бараната услуга,
- Следење на функционирањето на GPS системот како и на движењето на возачите,
- Презентација на реализираните постигнувања по барање на соодветните сектори, а согласно организациската структура на компанијата и етична деловна комуникација,
- Давање на инвентивни предлози за константно усовршување на квалитетот на услигите на Call центарот.
- Ажурирање на резервации
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ССС/ВСС,
- Поседување на работно искуство во областа на Call Center и Customer Care услугите ќе се смета за предност,
- Поседување на информатички и компјутерски вештини и брзо работење со тастатура,
- Познавање на најмалку еден странски јазик со акцент на англиски јазик (познавање на албански јазик ќе се смета за предност),
- Познавање на апликацијата Google maps и ориентационо познавање на Град Скопје,
- Спроведување на љубезна, смирена и учтива комуникација со клиенти,
- Поседување на аналитички способности, самоиницијатива, тимски дух и деловна етика,
- Лојалност и грижа за работната средина и за средствата ставени во функција на работните задачи,
- Вештини за носење на одлуки под притисок и брз одговор на работните задачи (мултитаскинг).
ШТО НУДИМЕ
- Конкурентна плата на пазарот и грижа за вработените,
- Атрактивен систем за наградување согласно успешноста на вработените,
- Пријатна работна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати својата професионална биографија може да ја достават преку полето Брза Апликација.