Vrabotuvanje.com - Помошник менаџер на магацин и логистика - Скопје - БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Помошник менаџер на магацин и логистика

Скопје

Рок за пријавување:

  • БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА

B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.

B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.

B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци

ПОМОШНИК МЕНАЏЕР НА МАГАЦИН И ЛОГИСТИКА
ЛОКАЦИЈА: СКОПЈЕ, Населба Илинден

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Го планира, организира, координира и контролира магацинското работење
  • Растовар на производи и материјали, проверка на количина и квалитет на пратките и заверка на документацијата за секоја пратка
  • Поставување на производите на локација за чување почитувајќи го FIFO принципот
  • Внимателно ракување со материјалите заради избегнување на крш
  • Изготвување на извештај за разлика во количина и оштетување на пратки
  • Навремено дополнување на продажните возила со производи за продажба (залиха и дополна) и споредба со задолжителната документација со реална состојба
  • Изведба на физичко и системско пренесување на производи во реално време
  • Контрола на пакувањето и грижа за неговата чистота, навремена поделба и отстранување на отпад
  • Учество на периодичен попис како оператор за броење или контролер
  • Учество во декларирање на производи (аплицирање на декларациска налепница)
  • Управување со вилушкар во согласност со правилата за безбедност
  • По потреба врши подигнување на нарачки од добавувачи кои не вршат достава;
  • Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените


ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:

  • Завршено минимум ССС 
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство со менаџирање на магацин во дистрибутивна дејност (трговија, производство) 
  • Способност за самостојна и тимска соработка 
  • Прецизност, работливост и флексибилност 
  • Познавање на оперативни системи на Microsoft (Word, Excel, генерирање на прегледи) 
  • Возачка дозвола: Б категорија (по потреба – користење на службено возило) 
  • Сертификат за управување со виљушкар


ШТО НУДИМЕ:

  • Работа со Premium интернационални брендови увезени директно од Холандија и Белгија
  • Редовни месечни примања и одлична можност за напредување
  • Месечни бонуси согласно остварените резултати во продажбата и наплатата
  • Дополнителен годишен регрес над просекот во републиката
  • Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
  • 40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски се работи 6 дена во неделата)
  • Основна нето плата од 27. 500 денари како и одлична можност за дополнителни месечни бонуси во согласност со остварени резултати во продажбата и наплатата
  • Годишен регрес од 20.000 денари


Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација со назнака за позицијата за која што аплицирате

 

БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде