B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.
B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.
B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци
Фокусот на компанијата е на квалитетот, иновативноста и диференцијацијата.
Имаме потреба од:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА АМБУЛАНТНА ПРОДАЖБА
ЗА РЕГИОН: КУМАНОВО
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Континуирано освојува нови продажни места и гради професионални односи со постоечките клиенти
- Врши посета на зададен регион според рута за посета и преговара за продажба и изложување на производите управувајќи со комерцијално/товарно возило за амбулантна продажба ( Volkswagen Caddy)
- Се грижи за залихите, изгледот и позиционирањето на производите во постоечките продажни објекти
- Презентирање и продажба на постоечките и новите производи кај постоечките и потенцијалните купувачи
- Се грижи за присатност на комплетното портфолио и залихите кои треба да се испорачат
- Одговара за исправноста и хигиената на задолжените средства (возило, технички апарати) и за соодветно чување, складирање и ракување со готовите производи кои се предмет на продажба
- Преговара и договара поставување на дисплеи, полици и ладилници и нивна правилна употреба
- Ги следи активностите на конкуренцијата и дава предлози за подобрување на севкупното работење
- Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените
ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:
- Минимум 1 година искуство во продажба на алкохолни/безалкохолни пијалоци или прехрана
- Завршено минимум ССС
- Познавање на MS Office пакет
- Валидна возачка дозвола - Б категорија
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Развиени комуникациски и продажни вештини со претприемачки вештини
- Проактивност, навремено планирање на дневни/неделни/месечни активности
- Уредност, одговорност и флексибилност
- Тимски работник, амбициозен за сопствениот развој, како и за развој на тимот во целина
ШТО НУДИМЕ:
- Работа со Premium интернационални брендови увезени директно од Холандија и Белгија
- Редовни месечни примања и одлична можност за понатамошно напредување
- Месечни бонуси согласно остварените резултати во продажбата и наплатата
- Дополнителен годишен регрес над просекот во републиката
- Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
- 40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски се работи 6 дена во неделата)
- Основна нето плата од 27. 500 денари како и одлична можност за дополнителни месечни бонуси во
согласност со остварените резултати во продажбата и наплатата - Годишен регрес од 20.000 денари
Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација со назнака за кој регион аплицирате
БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија