Vrabotuvanje.com - Администратор - Скопје - Граве Осигурување Неживот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Граве Осигурување Неживот

ГРАВЕ Осигурување Неживот АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 195 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.

Искористи ја можноста да се приклучиш на Граве Тимот

Граве Осигурување Неживот објавува 1 работно место​

АДМИНИСТРАТОР

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование.
  • Со или без претходно работно искуство.
  • Познавање на Англиски јазик. 

Главни работни обврски:

  • Прима пријава на штета, врши комплетирање на штетата со потребната документација доставена од странките. 
  • Превзема дејствија за комплетирање на предметите по пријава на штета кога тоа е потребно.
  • Врши евиденција на пријава на штета. 
  • Прима дописи и документација,  заверува и дистрибуира на понатамошна обработка.
  • Изготвува дописи и документација наменети за оштетените,  подружниците  на друштвото и други правни и физички лица.
  • Архивира  штети,  судски предмети  и друга граѓа од времен и траен карактер согласно закон и интерните акти на друштвото.
  • Спроведува законски прописи и позаконски акти кои се однесуваат на архивската  граѓа .
  • Врши и други работи кои спаѓаат во делокруг на работното место по налог на непосредните претпоставени  и Генералниот  директор на Друштвото.

Потребни вештини:

  • Професионално, одговорно, уредно  и навремено извршување на секојдневните  работни обврски.
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа и проактивен пристап кон работите.
  • Динамичност и друштвеност.

Работни услови:

  • Договор за вработување на определено време (6 месеци – со можност за продолжување). 
  • Работно време од понеделник до четврток од 07.30ч до 16.00ч и петок од 07.30ч до 13.30ч.
 


Ве молиме испратете професионална биографија со назнака за работната позиција за која аплицирате најдоцна до 14.08.2023 преку полето Брза Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Граве Осигурување Неживот АД и истите да бидат зачувани во дата базата на друштвото.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде