Vrabotuvanje.com - Хигиеничар - Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе - КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Рок за пријавување:

  • КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.

Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:

ХИГИЕНИЧАР/КА – Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Хигиеничарот врши општи задачи за одржување на хигиената во работната средина. Одговорностите во ова поле вклучуваат вшмукување прашина, бришење, чистење на кујни и тоалети, празнење и чистење на канти за отпадоци, полирање на мебел и метални тела, мијалници, печки итн.

Број на отворени позиции: 2

За едната позиција се преферира лице од машки пол поради кревање на поголема тежина, фрлање на ѓубре и сл., но ги охрабруваме да се пријават сите заинтересирани, затоа што компанијата КЕМЕТ Електроникс им дава еднаква шанса на сите пријавени.


Одговорности

  • Празнење на канти за отпадоци или слични садови, транспорт на отпаден материјал до одредени места за собирање;
  • Миење на подови и бришење на прашина;
  • Вшмукување и чистење на теписи;
  • Користење на електрични машини за прочистување, полирање, лакирање и чистење на подови (по добивање соодветна обука);
  • Користење на машини на електричен погон;
  • Чистење на прашина, влажно бришење, миење корнизи, прозори, надворешни површини на шкафови, радијатори, полици;
  • Континуирано надополнување на потрошен материјал (сапун, тоалетни ролни, хартиени крпи);
  • Чистење на тоалети, уринарии, мијалници, тушеви и чешми;
  • Користење на хемиски средства во извршувањето на постапки за чистење или 
  • процедури за одржување, по добивање на соодветни инструкции и обука;
  • Чистење на кујната, работните бироа и останата работна површина;
  • Да извршуваат други разумни должности во рамките на целокупната функција на работата.


Барања, вештини и компетенции

  • Диплома за завршено средно образование;
  • Предходно работно искуство како хигиеничар;
  • Способност да се работа со тешка опрема и машини;
  • Познавање на хемикалии за чистење и организирање на резерви;
  • Познавање на материјалите согласно безбедносните мерки;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност и независност, организираност, одговорност.


Компанијата нуди

  • Пријатни услови за работа;
  • Организиран превоз;
  • Храна.


Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 20.08.2023 година, со наслов Хигиеничар / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. 
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде