КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.
Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:
Електро техничар во oддржување – Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе
Одговорности
- Врши замена на електрични елементи на машината кои се во неисправна состојба, вклучувајќи мотори, релеи и прекинувачи и механизам за поставување, со користење на рачни алатки;
- Врши дијагностицирање на проблеми и врши поправки или дава предлози за замена на дефектните електронски единици, како што се печатените кола;
- Дава предлози за замена на пневматски, механички, хидраулични компоненти на опремата и машините кои се во неисправна состојба;
- Давање помош и асистенција на изведувачите на електрични работи;
- Дава помош во администрацијата и регулирање на должностите на помладите техничари;
- Се грижи за почитување на принципите за безбедно одржување за регулирање и распоред на дефекти.
Барања, вештини и компетенции
- Диплома за завршено средно образование - електротехничка струка;
- Искуство во електроника за решавање на проблеми;
- Одржување на опремата;
- Управување и имплементација на безбедносната програма;
- Познавања на прописите за безбедност, здравје и животна средина;
- Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност и независност, организираност, одговорност, управување со времето (организација);
Компанијата нуди
- Пријатни услови за работа;
- Организиран превоз;
- Храна.
Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 20.08.2023 година, со наслов Електро техничар / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година