Процес инженер
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Развива и дава поддршка при процеси за глодање и полирање преку програмирање на робот и процеси на склопување со цел да се постигнат спецификациите зададени од клиентот.
- Поставува и користи издржани методи и принципи при пристапување и разрешување на проблеми
- Развива, имплементира и оптимизира проекти поврзани со производствени процеси, движење на материјал, опрема, алат или машини со цел максимален производствен капацитет
- Ги надгледува процес параметрите, трошоците и работата на процесната опрема, врши анализи за откривање на грешки
- Развива процедури, работни упатства за инсталација, одржување и безбедно користење на опремата, дава техничка поддршка поврзана со опремата
- Учествува во изборот на алати, производство на сериски парчиња и прототип и врши истражувања за нови продуцти за зголемување на продуктивност, квалитет, намалување на трошоци
- Спроведува и одржува анализи на процесни недостатоци - PFMEA
- Користи различни системи и платформи за одржување и надградба на процесните параметри
- Учествува, подготвува и изведува внатрешни/надворешни ревизии
- Врши обука и развој на вработени, дава инструкции за работа
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Дипломиран машински или електро инженер
- Најмалку 3 години релевантно искуство во областа, искуство во автомобилска индустрија ќе се смета за предност
- Добро владеење на англиски јазик
Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.