В Р А Б О Т УВАМЕ
Регионален менаџер за корпоративни клиенти - Источен регион: Штип, Кочани, Делчево и Пробиштип!
Ако имаш амбиција за работа во динамична атмосфера, со одлични услови за професионален развој во работата и остварување на високи резултати, пријави се на огласот и приклучи се на нашиот тим.
Треба да поседуваш:
- Искуство во соработка со корпоративни клиенти;
- Високо стручно образование – Економски факултет;
- Одлични организациски и комуникациски вештини;
- Вештини за презентирање;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на англиски јазик;
- Вештини за користење на пакетот - Microsoft Office;
- И најважно, желба за тимска работа и успех.
Твоите професионални активности:
- Контакти и директни средби со постоечките и нови потенцијални корпоративни клиенти на Банката заедно со соодветните Раководители на експозитури;
- Презентација и продажба на сите продукти и услуги на Банката;
- Идентификување можности за cross и up-sale кај постоечките клиенти на Банката во рамки на регионот;
- Давање совети за работењето со правни лица на вработените во експозитурите за кои се надлежни;
- Помага во раната наплата на побрувањата од компаниите;
- Aнализа на банкарскиот сектор во државата и развој на идеи за подобрување на нашите продукти и услуги.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација најдоцна до 03.09.2023 година
Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk