Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
За потребите на нашето производство, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
- Подготвува обложни средства (финиш, ЛЗС, прајмер) за нанесување
- Контролира нанос и вискозитет
- Го контролира нивото на траката во печката
- Ги контролира потребните хемикалии за работа и навремено реагира
- Го известува операторот на кади за проблемите со нанесувањето на обложните средства
- Одговорен е за запазување на технолошките параметри
- Соработува со погонската лабараторија за дебелината на обложните средства
- Учествува при промена на наносните валци
- Учествува при истовар на бурињата со обложни средства од плоча
- Учествува при изнесување и складирање на празните буриња
- Ги чисти наносите и потпорните валци на машината за нанесување
- Управува со кранчето во кулата
- Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
- Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
- ССС
- Можност за работа во смени
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа