Vrabotuvanje.com - Аналитичар во оддел контрола на квалитет - Скопје - РЕПЛЕК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Аналитичар во оддел контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. 
Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

АНАЛИТИЧАР ВО ОДДЕЛ КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
група Микробиолошка контрола на квалитeт и група Редовно индустриско производство
(двајца извршители)

Регион: Скопје

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - Фармацевтски факултет, ПМФ (Институт за хемија: Применета хемија, Применета хемија - аналитичка биохемија, Институт за биологија: Биохемија и физиологија или Молекуларна биологија);
  • Предност при изборот ќе имаат кандидатите со искуство;
  • Подготвеност за работа во две смени;
  • Желба за постојана надоградба.

Работни обврски:

  • Учество во активностите на одделот околу контрола на квалитет на секоја влезна серија суровина/амбалажа/меѓумаса/меѓупроизвод/финален производ, следење на стабилност на индустриски серии, до издавање и соодветна дистрибуција на сертификати за квалитет;
  • Користи инструментална опрема/апарати за контрола на квалитет на производите во согласност со барањата на спецификациите за квалитет изработени по последно важечки изданија на светските фармакопеи;
  • Учество во активности поврзани со изработка на мастер верзии на спецификации за квалитет и сертификати од анализа за производите;
  • Подготвува процедури за ракување со апаратурна техника, стандрди, форми и обрасци за контрола на квалитет;
  • Редовно имплементира практики од EU GMP норми, ISO стандарди, ICH водичи и др;
  • Учество во правилна примена и функционирање на системот за управување со квалитет и животна средина и грижа за чиста и здрава животна средина;
  • Учество во изработка на аналитичкиот дел од регистрациската документација со цел регистрација, пуштање во промет на први серии по регистрација, пријава на варијација, трансфер на технологија, обнова на регистрација;
  • Одговорност во однос на точноста и прецизноста на секој аналитички резултат по основ на направено тестирање и транспарентност и тимска соработка во работењето.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Приватно здравствено осигурување.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде