За компанијата
S.Oliver е една од водечките модни компании во Европа, која постои повеќе од 50 години. Моментално вработува повеќе од 5.100 луѓе интернационално и е присутна во 7,350 модни продавници вклучувајќи ги и партнерите.
Моментално S.Oliver има договор за франшиза со Bebel Fashion и се отвара продавница во Diamond Mall.
Bebel Fashion е компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје.
Менаџер на продавница (Store Manager) / Diamond Mall
Опис на работното место
Менаџер на продавница ги надлгедува сите операции во продажните објекти, ги контролира активностите на вработените, организира и прави распореди, и менаџира со разни административни задачи.
Главна задача на менаџерот на продавница е да ја зголеми продуктивноста и профитабилноста на секој малопродажен објект.
Главни одговорности
- Задавање на работни задачи на вработените во малопродажните објекти
- Спроведување и следење на компаниските процеси и стандарди дадени од S.Oliver
- Да се осигура дека сите поплаки од муштериите се решени со професионален и ефективен однос
- Учество во процесот на селекција на својот тим
- Грижа и одговорност за залихата, обезбедување на адекватна залиха, што е поставена соодветно
- Грижа за одржување на малопродажните објекти
- Да ги движи продажбите преку ефикасна употреба на просторот
- Поставување на таргети за продажба
- Да се осигура дека сите вработени си ги извршуваат зададените задачи
Продажба и Планирање
- Планирање и нарачка на продукти за продажба
- Евалуирање на продажбите на продуктите
- Следење на преференсите на купувачите
- Максимизирање на продажбите со имплементација на различни маркетинг планови и стратегии
- Правење и следење на извештаи за дневните, неделните и месечните продажби и осигурување дека ќе се исполнат
- Следење на конкуренцијата
- Разбирање на локалниот пазар и давање идеи за можности за раст
Потребни квалификации
- Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година.
- Раководни и лидерски способности;
- Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност;
- Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office и PANTHEON
- Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
- Способност за разрешување на проблеми;
- Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Апликацијата може да ја пратите преку Брзата Апликација.
Благодариме за апликацијата.
Вашата апликација се разгледува од нашиот тим.