ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.
Има потреба да вработи:
РАКОВОДИТЕЛ НА РАБОТИЛНИЦА
Опис на работно место:
- Организирање, задавање и контрола на работа и процеси во работилница;
- Проверка на квалитет на извшената работа;
- Одржување на ред и TOYOTA стандарди во работилница;
- Асистирање, помош и мотивација на вработените во работилница;
- Изнаоѓање решенија за сложени проблеми;
- Изготвување извештаи и нивно презентирање кај надредените.
Поставеност во организација:
- Директно одговара на Генералниот Менаџер (Директор);
- Раководи со тим од 10 луѓе (Авто-Механичари, Авто-Електричари, Авто-Лакери, Бравари).
Знаења:
- Индустриски машини (вилушкари, подвижни платформи и сл.) со нивни компоненти (Механика, Хидраулика, Електрика и сл.);
- Менаџирање и контролирање на вработени (подредени).
Потребно:
- Искуство во областа на механика, сервисирање и организирање од минимум 2 години – Автомобили и индустриски машини;
- Англиски јазик;
- Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook);
- Спремност за превземање на одговорност;
- Тимска работа;
- Возачка дозвола – Б категорија.
Компанијата нуди:
- Нето Плата од 45.000 до 61.000 МКД во зависност од покажаниот резултати (платата е пониска за времетраење на обуката и тест периодот која трае максимум 1 месец);
- Секој ден различен топол оброк;
- Мобилен и лаптоп;
- Неопределено вработување со почетен пробен период;
- Обуки и тренинзи во областа која работи (TOYOTA);
- Модерни, Високо квалитетни услови за работа;
- Платени патни трошкови (За кандидати вон Куманово);
- Годишни рекреативни семинари и забави со комапнијата.
Напомена:
- Компанијата се наоѓа во Куманово;
- Дневно работно време е од 08.30 до 16.30 часот;
- Сабота е неработен ден.
СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ!
Тел.за контакт: 075 362-923