Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе - КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Рок за пријавување:

  • КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.

Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:

Магационер - Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Одговорности:

  • Трансфер на материјали од магацин до производство и подготовка на готови производи за испорака; 
  • Внесување и ажурирање на податоци во база на податоци / систем;
  • Одржува база на податоци, врши периодично броење / попис на залихите;
  • Вршење редовни контроли / попис на залихите, известување на супервизир доколку има проблеми;
  • Развивање и имплементација на системи и практики за контрола на залихите;
  • Ги следи активностите на магацинот со цел да се обезбеди правилно складирање 
  • на стоките и ефикасно да се користи безбедносниот и магацинскиот простор;
  • Дневна комуникација со производство, решавање проблеми за залихите и нивен трансфер;
  • Да се осигура дека сите дневни активности во магацинот течат без проблеми.


Барања, вештини и компетенции:

  • Минимум завршено средно образование;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Пожелно работно искуство во магацин, логистика или слично;
  • Способност за работа со рокови и приоритет при исполнување на задачите;
  • Предност – искуство со виљушкар и работа во аутомотив средина;
  • Разбирање на практиките за управување со залихи како ABC анализа;
  • Вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност, одговорност, писмена и вербална комуникација, управување со времето (организација), донесување одлуки, решавање проблеми;
  • Технички вештини и компетенции: Excel, ERP систем;


Компанијата нуди:

  • Пријатни услови за работа;
  • Редовни и навремени месечни примања;
  • Организиран превоз;
  • Храна.


Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 02.10.2023 година, со наслов Магационер / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. 
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде