Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во регионот. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар учинок, за учење и за унапредување во работата. По тој повод бараме особа за следното работно место:
Место на работа: Скопје
Главни задолжувања:
- Високо ниво на услуга и посветеност во услужувањето на купувачите
- Познавање на целокупниот асортиман на артиклите во малопродажниот објект
- Ажурирање на документацијата која ја следи работата во малопродажниот објект и работа на каса
- Организација на вработените во малопродажниот објект
- Давање информации на купувачите за моментални акции
- Спроведување на процедурите за изложување на робата
- Прием на роба и средување магацински простор
- Активно учество и предлог на мерки за подобро работење
- Работа на каса
Потребни квалификации:
- Минимум IV степен стручна спрема
- Минимум 1 година работно искуство на позиција заменик шеф во малопродажен објект
- Познавање на работа со компјутери
- Прецизност и точност во работата
- Ориентираност кон купците и издржани продажни вештини
Можете да очекувате:
- Работа во стабилна компанија
- Бонуси во склад со остварените резултати
- Можност за константно усовршување и развој
Вашeто CV и мотивациско писмо испратете го преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесната селекција ќе бидат контактирани